петок, 30 ноември 2007

ХУМАНИЗАМ И РЕНЕСАНСА ( од www.mk.wikipedia.com )

Ренесансата (значи преродба) се смета за историско доба помеѓу Средниот век и Реформацијата.

Според вообичаениот опис, италијанската ренесанса од 15-тиот век, ширејќи се низ западна Европа, претставувала повторно поврзување на западот со класичната антика, преземањето на знаења—особено математика—од арапски, враќањето на експериментализмот, придавањето важност на квалитетот животот во сегашноста (како на пр. Ренесансен хуманизам), експлозијата на знаење како релузтат на изумувањето на печатарството и создавањето на новите техники во уметността, поезијата и архитектурата кои довеле до радикални промени во стилот и содржината на уметностите и книжевноста. Во овој период трговијата и истражувањата исто така земаат замав. Италијанската Ренесанса често се смета за почетокот на „Новиот век“.

Треба да се напомене дека не сите современи критичари се согласуваат во потполност со овој опис на периодот.

Почетоците на Ренесансата

Нема одредено почетен период или место за ренесансата. Започнала во неколку различни места во различно време и нема дефинирани дати или места за тоа кога Средниот Век завршил. Почетното место за ренесансата е речиси универзално припишано на централна Италија, посебно градот Фиренца. Една рана ренесансна личност е поетот Данте Алигиери (12651321), првиот писател кој му дал тело на духот на ренесансата.

Франческо Петрарка (13041374) е друга рана ренесансна личност. Како дел од хуманистичкото движење тој заклучил дека човечките достигнувања од најголема висина се случиле во Римската Империја и годините потоа биле период на општествено гниење кој тој го нарекол Темното Доба. Петрарка гледал на историјата како социјално, уметничко и литературно напредување, а не како серија на наместени религиски настани. Преродбата значела повторно откривање на античкото римско и грчко наследство низ антички ракописи и хуманистички метод на учење. Овие нови идеи од минатото (наречени „новото учење“ во тоа време го започнале напредувањата на полето на уметноста, науката и други области.

Друга можна почетна точка е падот на Константинопол под турска власт во [1453]]. Тоа била пресвртница во војните бидејќи топовите и барутот станале централни елементи. Додатно, Византиско - Грчките учители отишле западно од Рим носејќи обновена енергија и интерес за грчкото и римско наследство и тоа можеби го означило крајот на старите религиски сфаќања во Европа.

Критички осврти

Бидејќи терминот за прв пат се создал во 19ти век, историчарите имаат неколку интерпретации на ренесансата. Денес повеќето историчари ја гледаат ренесансата повеќе како интелектуална и идеолошка промена, отколку како нешто самостојно. На пример: марксистичките историчари ја гледаат ренесансата како лажна револуција бидејќи промените во уметноста, литературата и филозофијата влијаеле на многу мал дел од богатите и моќните, додека животот на поголемиот дел од Европската популација останал непроменет уште од Средниот век. Поради тоа се негира дека ова е период од големо значење.

Историчарите сега укажуваат дека повеќето од негативните социјални фактори популарно поврзани со средновековниот период - сиромаштијата, незнаењето, религиозните и политички прогонувања итн. се влошуваат во овој период на Макијавели, Религиозните Војни, корумпираните Боргиа папи, и интензивираните ловења на вештерки во 16 век. Многу од обичните луќе кои живееле во текот на „Ренесансата“, биле многу позагрижени за развитокот на ерата, отколку да ја гледаат како „златно доба“ замислено од некои автори од 19 век. Можеби најважниот фактор на ренесансата е тоа дека тие што биле вмешани во културалните движења - уметниците, писателите и нивните патрони верувале дека живеат во нова ера, одделена од Средниот век, дури иако остатокот од популацијата изгледа го гледале период како интензификација на социјалните безредија.

Јохан Хуизинга (18721945) го признавал постоењето на ренесансата, но се прашувал дали тоа била позитивна промена. Тврдел дека ренесансата е период на негирање на високиот Среден век, кој уништил се што било важно. Латинскиот јазик, на пример, премногу еволвирале од класичниот период и се уште латинскиот јазик се користел во црквите и од другите како жив јазик. Меѓутоа, опседнатоста на ренесансата со класична чистост го гледале латинското навраќање до неговата класична форма и неговата природна еволуција како сопрено.Роберт С. Лопез гледал на овој период како на период на длабоко економско опаѓање.Во меѓувреме, Џорџ Сартон и Лин Торндајк двајцата го критизирале тоа како ренесансата влијаела врз науката, тврдејќи дека напредокот бил побавен.

Историчарите започнаа да го сметаат зборот „Ренесанса“ како непотребно подуен збор кој имплицира позитивна „преродба“ од наводно попримитивниот Среден Век. Многу историчари сега преферираат да го користат терминот "рано модерен" за овој период, неутрален термин, кој истакнува дека ово период бил период на транзиција кон модерниот свет, но нема никаква позитивна или негативна конотација.

Ренесансни дела

Божествена комедија

Божeствена комедија (на италијански "Comedia" или "Commedia", подоцна "Divina Commedia"). Божествената комедија ја напишал Данте Алигиери помеѓу 1265 и 1321 година. Се смета за најголема епска поема на италијанската литература, како и едно од најголемите дела на светската литература.

Божествена комедија е дело кое се состои од три дела, Inferno (Пекол), Purgatorio (Чистилиште), и Paradiso (Рај), кои пак се состојат од 33 пеења кои заедно со Првата-Воведната песна бројат 100 пеења во истоимената книга.Секоја строфа се состоела од 3 стиха (терцини).

Хуманизам

Хуманизмот во најширока смисла на зборот е пројава на љубов кон човекот, која опфаќа широк спектар на филозофски правци кои го афирмираат достоинството и вредноста на човекот.

Хуманистичката ориентација нужно не е поврзана со религиозноста или нерелигиозноста, односно постои секуларен хуманизам исто како што постои и религиозен хуманизам. Од друга страна, како што нечија религиозност може да го насочи кон нехуманистичка ориентација, така и нечија нерелигиозност не е никаква гаранција дека одреден човек би бил и хуманистички настроен.

Нема коментари: