петок, 30 ноември 2007

Лав Николаевич Толстој


· Книжевна продукција

Толстој напишал 16 романи и повести и голем број раскази.

-Романи:Детство,Момчештво и Младост(автобиографски дела),Војна и мир,Ана Каренина,Воскресение и други

-Повести:Смртта на Иван Илич,Царството на темнината и други

-Раскази:Средба со одредот,Сеча шума,Препад,Свеќа,Двајца старци и други

· Интерпретација на ,,Смртта на Иван Илич’’

Хроно-топос:80-тите години од 19 век,во Санкт Петербург.

Тема во расказот е:

-смртта и умирањето,

-страв од смртта и борба против неа,

-пронаоѓање на трајна смисла на животот,

-малограѓанскиот и чиновнички живот.

Темите се вкомпонирани во ликовите и нивните меѓусебни односи и судбини.

Доминантен лик во градењето на дејството е Иван Илич,очајник во кој надежта и очајот се менуваат за миг,а очајот е постојан победник.Еден ден,паѓа од скалите додека ги закачува завесите и почнува да чувствува болки.Болката се повеќе се засилува и на крајот мора да отиде на лекар.Ниту лекарите не можеле да му кажат во што е проблемот па затоа останува сам,соочен со својата смрт.Тој страда,неговата духовна и физичка болка стануваат се поголеми и посилни,а на крај согледал НИШТО.Тој е невротик и паталец,циник кој ужива во мачењето на околината.Умирањето на Иван Илич трае со месеци,не трпи никого околу себе:сопругата,децата,пријателите,колегите.На болничката постела уште еднаш трага по смислата на животот.Пред самата смрт почувствувал дека го туркааат кон некој темен тунел.Тогаш престанала болката,жалењето на самиот себе.Самиот во себе им простил на сите и побрзал кон светлата точка.Тој умира тешко,но смртта доаѓа како олеснување од кое ја снемува болката,стравот од смртта.

Нема коментари: