петок, 30 ноември 2007

Џовани Бокачо и Вилијам Шекспир

Џовани Бокачо

Италијански писател и хуманист, третиот претставник на италијанската предренесанса, со своето најважно дело за светската литература, со Декамерон, во целост се одделува од метафизичноста на средновековниот начин на мислење. Во биографијата на Бокачо важно место завзема неговиот престој во Неапол, кога тој се формирал интелектуално и естетски. Неапол, во времето кога тој се образувал (во трговската професија и канонското право), бил раскошен, сосема ренесансен град со весела атмосфера и со дух кој ги славел уживањата. Животот и творештвото на Бокачо го одбележала незаконската ќерка на кралот Роберт, Марија, која во творештвото на писателот се трансформирала во дона Фијамета. Таа е опеана во стихови и во проза како жена која со својот темперамент била извор и на среќата и на несреќата на подоцна напуштениот Бокачо.
Важен податок за животната и творечката биографија на Бокачо е другарувањето со Франческо Петрарка во Фиренца, Падова, Милано и во Венеција. Тие тогаш ги делеле своите интелектуални искуства и интересите кон класичните автори и кон творештвото, воопшто. Од тие нивни контакти останала и мошне важна преписка.


.
Творештвото на Бокачо

Творештвото на Бокачо ја покажува предноста на неговиот раскажувачки талент, иако и тој го почнал творештвото со поезија. Песните во "Рими" кои ги пишувал во различни периоди од животот покажуваат дека тој ја нема дарбата на Данте и на Петрарка за префинета поетска медитација за љубовта. Романот во проза Филокло има љубовно-авантуристичка содржина. И покрај својата почетничка несигурност, тој сведочи за талентот на идниот голем раскажувач.
Античкиот мотив за љубовта на Троил и Крисеида (преземен од средновековниот Роман за Троја), Бокачо го обработил во спевот Филострато.
Во овој првичен период на своето творештво Бокачо ги напишал:
• Тезеида (еп), со кој според Енеида на Вергилиј се обидел да создаде јуначки еп на народен јазик
• Ловот на Дијана, покус еп.
Во позрелите дела на Бокачо треба да се спомене и т.н. прв италијански психолошки роман Елегијата на госпоѓа Фијамета според неа на жените вљубени раскажана, кој е интересен по раскажувањето во прво лице. Раскажувачот е жена, па тој факт го прави ова дело уште поинтересно.
Меѓу помалите дела на италијански јазик се Буколички песни, како и биографиите на познатите жени (од Ева до Ивана Неаполска), потоа важното учено дело на Бокачо За родословите на паганските богови, а треба да се истакне и активноста на Бокачо во врска со проучувањето на делото на Данте. Расправите во слава на Данте го содржат култот на Бокачо кон големиот поет на Комедијата, па со право се смета дека токму Бокачо ја нарекол божествена.

Вилијам Шекспир

Вилијам Шекспир (англиски: William Shakespeare) (Сратфорд на Ејвон, 26 април 1564 - Сратфорд на Ејвон, 23 април 1616 (Јулијански календар) или 3 мај, 1616 (Грегоријански календар)) важи за најголемиот писател на англиски јазик, но и воопшто, за еден од најдобрите писатели на било кој јазик. Неговата способност да ги долови најкомплицираните аспекти на човечката природа се смета од многумина за недостижна, и англиската ренесанса често се нарекува „времето на Шекспир“. Тој е еден од ретките драматурзи што брилиирале и во трагедија и во комедија, а неколку од неговите драми содржат песни што се сметаат за најфините лирски поеми напишани на англиски. Тој исто така има напишано и 154 сонети, две наративни поеми, како и повеќе песни. Шекспир ги напишал своите дела меѓу 1588 и 1616, иако точните датуми и хрононологијата на драмите нему припишани се несигурни. Делото на Шекспир е особено импресивно со оглед на тоа што тој живеел само 52 години.
Импресивно е да се спомене дека делата на Шекспир и ден-денес претставуваа неисцрпна ризнаица на инспирација за многу млади и надежни писатели.
Шекспировите дела се напишани на раносовремен англиски јазик, тогашниот англиски јазик.

Нема коментари: