петок, 30 ноември 2007

КЛАСИЦИЗАМ

Класицизмот како литературен правец се појавува во 17 век во Франција. Во тој период на власт во Франција бил Луј XIV кој за себе велел :"Државата, тоа сум јас". Името класицизам потекнува од латинскиот збор klassicus, што значи-за пример, совршен.

Основни карактеристики на класицизмот се:

  • КУЛТ КОН АНТИЧКАТА ЛИТЕРАТУРА – класицистите ја признавале и се огледувале во литературата на Аристотел и Хорациј.
  • СТИХУВАНА ФОРМА – делата од овој период најчесто биле пишувани во стихувана форма.
  • КУЛТ КОН УБАВОТО И СОВРШЕНОТО – убавина и хармонија барале во се, во природата,во животот,и верувале дека убавото е патот до совршенството кај човекот.
  • ЕЛЕМЕНТИ НА РАЦИОНАЛИЗМОТ – се настојува да се создават дела во кои писателот ќе се раководи од разумот.

Најпознат теоретичар на класицизмот во Франција бил Никола Боало. Во своето дело "Поетика на уметноста" ги дава правилата според кои треба да се создаде едно уметничко дело.Тие се:едноставност на содржината на делото,објективно сликање на стварноста, а на писателите им препорачува:"Учете се да мислите, а потоа пишувајте". За драмите Боало ги обновил трите антички принципи:единство на дејствие,место и време на драмата. Литературните жанрови ги поделил на високи и ниски. Во високи спаѓаат:епопејата,одата и трагедијата. Во ниски спаѓаат:сатирата,басната и трагедијата.

Најпознати претставници на францускиот класицизам се: Пјер Корнеј, Расин, Жан Де Лафонтен и Молиер(Жан Батист Поклен).

КРАТКА СОДЖИНА НА ДРАМАТА "СИД" ОД ПЈЕР КОРНЕЈ

"Сид" како драмско дело на почетокот го сметале за трагикомедија, но подоцна оцениле дека е трагедија. Трагедијата "Сид" е составена од пет чина и секој чин соодветствува на петте елементи на композицијата на драмата како что барала класичната поетика.Корнеј отстапил од барањата трагедијата да се темели врз принципот на трите единства(дејствие, време, место). Наместо 24 часа Корнеј времето го продолжил на 30 часа. Некогашното "единство на дворец" го заменил со "единство на град".Дејствието се случува во Шпанија.

Темата во оваа трагедија се состои во судирот меѓу честа и љубовта. Главни ликови се Дон Родриго(Сид) и Химена кои се заљубени еден во друг. Судирот започнува кога меѓу татковците на Химена и Родриго избувнува караница во која таткото на Химена му удира шлаканица на таткото на Родриго. Дон Родриго за да ја одбрани својата и честа на татка си го предизвикува на двобој таткото на Химена и го убива. Кралот бил против овој двобој но не бил послушан.Химена е револтирана и чувствува обврска да ја одбрани честа на својата фамилија вели дека по честа мора да биде еднаква со Родриго. Истовремено чувствува голема болка бидејќи тој е човекот во кој е вљубена. Во тој период Шпанија била нападната од Маврите и Родриго требало да се бори против нив. Во борбата се покажал како многу храбар и силен, дури и Маврите биле воодушевени од него и го нарекле СИД што значи господар.Поради неговата слава кралот му ја простил непослушноста, а Химена била разубедена во својата намера. И рекле дека ако Родриго биде убиен со тоа Шпанија ќе ја загуби ќеста и ќе падне во рацете на Маврите.Химена попушта и се согласува да се омажи за храбриот рицар Родриго.Со оваа драма се навестува новиот граѓански морал кој е многу похуманод од стариот феудален морал.

КРАТКА СОДРЖИНА НА ДРАМАТА "ТАРТИФ" ОД МОЛИЕР

Според видот драмата е комедија во која постојат елементи на фарса, комедија на карактери и комедија на нарави.Комедијата "Тартиф" е сатира насочена против религијата и лицемерството на христијанскиот морал,што ги застапуваат луѓето и од нив прават марионетки. Ликови во комедијата се Тартиф-лицемерен богомолец,Оргон-богат граѓанин, Елмира-негова жена, Маријана-негова ќерка, Дамис-негов син, Клеант-брат на Елмира, Валер-свршеник на Маријана, слугинката Дорин и г-ѓа Пернел-мајка на Оргон. Тартиф е превеан измамник во попска мантија со сложена тактика при измамување на луѓето, и со помош на лицемерството ги искористувал луѓето за остварување на свои цели.Оргон го доведува Тартиф во својата куќа и почнува слепо да му верува.Неговата лажна побожност ја откриваат Демис и Клеант,но Оргон не им верува.За да ја докаже својата приврзаност кон Тартиф,Оргон му ја ветува ќерка си за жена и му ја препишува куќата, и на еден начин станува негова марионета.Во меѓувреме Тартиф и изјавува љубов на Елмира,со чија помош Оргон го открива вистинското лице на Тартиф.Кралот кој бил справедлив и знаел кој е добар а кој измамник го лишил од слобода Тартиф а на Оргон му ја вратил куќата.

Во ликот на Тартиф Молиер го олицетворил лицемерството на христијанската црква.Свештениците кои проповедале: љубов кон ближниот,милосрдие, некористољубивост, всушност биле лицемери со ниски користољубиви побуди.

БАСНИТЕ НА ЛАФОНТЕН

Лафонтен преку басните сакал да разголи некои свирепи вистини за животот во француското општество.Често ја исмејувал глупоста на благородниците.Кај граѓанскиот сталеж не му се допаѓала нерешителноста,скржавоста,грубоста и др.Во своите басни ги исмевал и другите слоеви на француското општество-попови,чиновници,лекари,професори и др.Не пропуштил да исмее некои слабости на францускиот монарх-горделивоста,самобендисаноста,уживањето да го фалат и неговиот презир кон обичните луѓе.Во многу басни тој ги исмеал лицемерството,немилосрдноста и тиранијата на кралот Луј XIV.Басните на Лафонтен поради иронијата и сатирата во нив,повеке се сериозни отколку смешни.Во басните ги прикажува животните и им препишува човечки особини.

Тој басните ги пишувал во стихови,најчесто во слободен стих.Неговите басни пред се им се наменети на возрасните читатели,а помалку на децата.

Нема коментари: