петок, 30 ноември 2007

ХУМАНИЗАМ И РЕНЕСАНСА

Хуманизмот е идеологија на ренесансата, тој е нејзина филозофија, нејзиниот поглед на светот. Хуманизмот најпрвин се појавил во Италија во XIV век, а близу 2 века подоцна во Шпанија, Франција, Англија и други европски земји.

Идеолози на ренесансата биле хуманистите. Тие на своите современициим понудиле нов поглед на светот. Религиозниот поглед на светот го замениле со световен грагански. Според нив, човекот е тој во кого треба да се верува, а не во надприродни суштества, бидејќи се што е изградено на земјата е дело на неговите творечки способности. За човекот не постои друг живот освен овој на земјата и затоа земскиот живот не треба да се презре, како што проповедала црквата туку треба да се почитува и унапредува. Вечен живот не постои и е неприфатлива догмата дека човекот треба да се одкаже од сите благодати на земскиот живот за да живее вечно во измислениот задгробен живот, замислен како пекол, чистилиште и рај. Според хуманистите смислата на постоењето е овде на земјата и човекот е нејзиното најсовршено суштество. Поткрепа за овие сваќања хуманистите наоѓале во античката наука, литаратура, скулптура и архитектура, преку кои откриле други вистини за животот поинакви од средновековните. Некои од хуманистите своите дела ги пишувале на латинскиот (мртов јазик) и нивните дела да бидат достапни за широк круг луѓе. За хуманистите, поимот хуманизам значело афримација и слобода на човековата личност.

Развитокот на литературата во епохата на ренесансата поминува низ три фази (што ги обединува една хуманистичка концепција – да се пишува за човекот). Тие се: рана ренесанса, висока ренесанса и доцна ренесанса. За раната ренесанса карактеристичен е смешниот расказ со антиклерикална и антифеудална насоченост (Џ. Бокачо: “Декамерон“). Расказот (новелата) ги прославува итроста, предприемливоста и активаната личност ослободена од предрасуди. Високата ренесанса ја негувала јуначката поема со рицарско – авантуристичка содржина и со идеализирани личности (Л. Ариосто “Бесниот Роланд“). Јуначката поема доживела расцут во Шпанија и Португалија – водечките земји во областа на географски откритија. Шпанцијте го создале познатиот јуначки еп “Песни за Сид“. Ренесансната претстава за човекот роден за големи дела се наоѓа во основата на тие поеми. Доцната ренесанса од крајот на XVI век се карактеризира со криза на хуманизмот и со борба за спасување на неговите идеи, поради засилената црковна реакција. Во ова време се развива пасторалната поезија во која се воспеваат љубовни чувства и мисли на овчари и овчарки. Нивниот мирен начин на живеење во природата е противставен на бучните градови. Еден повисок полет на хуманистичката мисла на доцната ренесанса претствавуваат делата на Шекспир и Сервантес. Во нивните дела трагичните и комичните ситуации се земени од реалноста.

Италијанската ренесанса дала повеќе писател: Данте Алигиери со поемата “Божествена комедија“ е нејзиниот предвесни; Петрарка со “Канционерот“, Зборник од Љубовни сонети, станал родоначалник на цело движење во лириката, познато под името Петраркизам или Петраркитичка лирика; Џ. Бокачо со зборникот “Декамерон“ дал широка панорама на секојдневниот живот во Италија; Л. Ариосто со “Бесниот Роланд“ ја истакнал индивидуалната храброст, чесноста и доследноста како идеали за човекот. Т. Тасо со “Ослободениот Ерусалим“ ги дал последните одгласи на ренесансните сфаќања што биле удар на моралните стеги на противреформаторскиот дух на католичката реакција.

Во Германија идеите на ренесансата се јавиле во XVI век и се манифестираат во време на реформацијата. Литаретурата создавана во времето на реформацијата имала антисхола-стичката и антиклерикалната содржина. Била пишувана најчесто на сатиричен начин. Најпо-знат хуманист на реформацијата бил Еразмо Ротердамски. Во неговото сатирчно дело “По-фалба на лудоста“ се исмеваат недостатоците и лудостите на луѓето од различните класи, сталежи и професии, богаташи, трговци, свештеници и лажни научници. Бидејќи сатирата на Ротердасмски ги зафаќа обичаите, наравите на повеќе општествени средини, таа претставува слика на животот од времеот на XVI век.

Данте Алигиери

Првата негова збирка песни “Нов живот“. Во песните Данте ја искажал својата љубов сперма Беатриче, своите соништа, мечти и својата тага поради смртта на Беатриче. Второто дело “Пир“ (“Гозба“) е литаратурно – филозофски трактат. Делото “Пир“ е напишано на народен јазик во време кога сите научни дела се пишувале на латински јазик. “Божествената комедија“ е најголемото и најзначајното дело на Данте Алигиери. Првобитно делто е наречено “Комедија“. Во неа се синтетизирани сите три литературни роди: лирика, епиката и драмата. Затоа се вбројува во поемите и тоа во епските поеми кои се по обем големи. “Божестевната комедија“ е составена од 100 песни поделени на три дела: “Пекол“, “Чистилиште“ и “Рај“. Во секој дел има по 33 песни а 100-тата песна е прва и претставува вовед во “Божествената комедија“. Поемата има две значења, буквално и алегорично. Во буквалното значење дадена е слика – визија на задгробниот живот. Алегоричното значење – едно читаш друго мислиш.

Франческо Петрарка

Франческо Петрарка е еден од првите претставници на раната ренесанса во Италија и Западна Европа. Петрарка е првиот индивидуалист во европската лирика зашто прв почнал да пишува за себе и за своите лични чувства. Своите дела, главно, ги пишувал на латински јазик. Тие можат да се поделат на две групи: поетски и морално – филозофски. Првите, главно, се пишувани на народен италијански јазик, а вторите – на латински. Првото поетско дело на латински јазик му е епопејата “Африка“. Исто така на латински јазик го напишал и делото “Посланица“ кое содржи писма во стихови. Од таков вид е и делто “Писма без адреса“. Песните што ги напишал на народен начин имале, главно, љубовно содржие како што е делото “Канцоние“ кој е поделен на два дела.

Џовани Бокачо

Џовани Бокачо (1313 - 21 декември 1375), италијански писател и хуманист, третиот претставник на италијанската предренесанса, со своето најважно дело за светската литература, со Декамерон, во целост се одделува од метафизичноста на средновековниот начин на мисле-ње. Во биографијата на Бокачо важно место завзема неговиот престој во Неапол, кога тој се формирал интелектуално и естетски. Неапол, во времето кога тој се образувал (во трговската професија и канонското право), бил раскошен, сосема ренесансен град со весела атмосфера и со дух кој ги славел уживањата. Животот и творештвото на Бокачо го одбележала незаконската ќерка на кралот Роберт, Марија, која во творештвото на писателот се трансформирала во дона Фијамета. Таа е опеана во стихови и во проза како жена која со својот темперамент била извор и на среќата и на несреќата на подоцна напуштениот Бокачо.

Важен податок за животната и творечката биографија на Бокачо е другарувањето со Франческо Петрарка во Фиренца, Падова, Милано и во Венеција. Тие тогаш ги делеле своите интелекту-ални искуства и интересите кон класичните автори и кон творештвото, воопшто. Од тие нивни контакти останала и мошне важна преписка.

Нема коментари: