петок, 30 ноември 2007

ФЈОДОР МИХАЈЛОВИЧ ДОСТОЕВСКИ

Повеќе од еден век Достоевски е предмет на светските истражувања. Во многуте приоди, толкувања и судови се забележува една заедничка црта – сознание за гениј. Неговите дела се неисцрпен и магичен извор за најразновидни литературно-теоретски, психолошки и филозофски студии и толкувања. Сестрано толкуван, анализиран и оценуван.

Биографија

Фјодор Достоевски се родил 1821 година во Москава каде што го поминал поголемиот дел од детството. На 16-годишна возраст тој преоѓа во Петроград каде се запишал на Воено-инженерската академија. За време на ѓколувањето и на службата не можел да се најде себеси, па набрзо ја напуштил и решил да се посвети на литературата. На 25-годишна возрас го создал својот прв роман.

Поради учеството во револуционерниот кружок на Патрашевски, тој и другите учесници на кружокот се осудени на смрт. Изведени на губилиште, ја чуле одлуката за смртна казна, но во моментот кога војниците веќе ги полнеле пушките, пристигнала вест за помилување, па смртната казна на Достоевски е заменета со робија.

Несреќите во семејството влијаеле врз животот на писателот: смртта на саканиот брат, на жената и двете деца, на добриот пријател – сето тоа требало да се преживее, а тоа го нарушувало душевниот живот и физичкото здравје. Посебно го мачеле ужасните напади на епилепсија како и материјалната грижа за сопственото и братовото семејство. И покрај богатата литературна дејност, тој многу долго бил задолжен. Покрај слабото здравје и постојаните немири и грижи, умрел 1881 година.

Книжевна продукција

Романи:

Бедни луѓе

Записи од мртвиот дом

Записи од подземјето

Злосторство и казна

Идиот

Браќа Карамазови

Тематски специфики:

- човековото страдање;

- трагањето по изворите на страдањата и злото по најтемните понори на нагонското;

- сликањето на човековите поттикнувања, стремежи и криза на неговата психа;

- коегзистенција на доброто и злото, нагонски императиви на човекот како трагично двострано суштество;

- темните страни и патолошки видови на човековото суштество.

Интерпретација на „Злосторство и казна“

Жанровски романот го определуваме како:

- реалистичен,

- психолошки,

- хроника ( пожари, скандали, летот на Бергов со балон, џуџињата на Бартол и Масимо ),

- социјален ( со изразити карактеристики на криминалистички роман ),

- идеен ( етичко-филозофска мотивација која дава карактеристики на филозофски роман ).

Хроно-тропос: Времето во романот е кондензирано во девет и пол дена до злосторството и девет години по злосторството ( казна ). Неколку улици, три-четири соби, две крчми, еден плоштад во Петроград, мостот на Нева и Василевскиот остров.

Наратор, нарација: приказната ја реализира сезнаечки наратор. Нарацијата се одвива во три паралелни сижетни линии:

- Раскољников – убиство – робија;

- Соња – проституција – милосрдие;

- Свидригајлов – убиство – самоубиство.

Од нивните односи произлегува контапункт на композицијата: повеќезначноста на еден мотив – сиромаштија, престап и казна. Индивидуланите сижетни параболи се контрастно опишани:

Мармаладов – сиромав кој ја прима жртвата на ќерка му.

Раскољников – сиромав кој ја одбива жртвата на сестра му.

Раскољников ја убива лихварката – убиство од идеи.

Соња се ‘‘убива себе си’’ – убиство од милосрдие.

Свидригајлов – убива заради себе.

Експозиција: Млад човек, исклучен од универзитетот, малограѓанин по потекло, живее во крајна сиромаштија, откако поради лекоминост и лабавост во сфаќањата, ќе им се оддаде на некои чудни „незавршени идеи“ што висат во воздухот, одлучува наеднаш да се извлече од својата тешка состојба.

Заплет: Откако ќе го однесе прстенот како залог кај старата лихварка, ќе го потслушне разговорот меѓу офицерот и студентот во кафеаната и ќе го добие писмото од мајка му ( во кое таа го известува за својата тешка имотна состојба ), решава да убие една старица што дава пари под лихва.

„Теоријата“ на Раскољников се јавува само во мислите, без никакви практични планови, без конкретна замисла за реализација.

Во однесувањето на Раскољников може да се издеферницираат три фази:

1. подготовка на злосторството,

2. извршување на злосторството,

3. состојба на злосторството.

Епилог: По убиството, кај Раскољников се забележуваат две тенденции:

- максималното залагање да не го открие злосторството,

- несвесното откривање.

Раскољников не се грижи само за мислата да не биде откриен, туку се бори со своите чувства на оттуѓеноста, сомнежите, кошмарните сонови. Со етичкото страдање си отвара пат за враќање во човековата заедница. Обидувајќи се да се постави надвор и над законите на опшеството, се отуѓува од самиот себе. Тоа е најтешката последица на казната која ја добива злосторникот. Се може да се поднесе, но не и можноста да живее со злосторство зад себе. Се предава на судските власти.

Судницата во која се наоѓа станува психијатриска ординација, а тој пациент. Иследникот му дава можност да се оправда, а Раскољников си нанесува зло бидејќи во прашањата чувствува стапица. Интуицијата го прави своето и одговорот е одбрана.

Атрибути на ликовите

Раскољников – индивидуален човеков протест.

Бунт на индивидуалист, отруен со „филозофијата на злосторството“, на човек притиснат од неволностите во животот. Свеста за „правото“ на индивидуален бунт прераснува во злосторство во сознание на гревот, во грижата на совеста и потребата за признание и покајание.

Студентот мисли дека „исполнувајќи го својот долг кон човештвото“ ќе го ублажи престапот. Возвишената вистина и човечките закони делуваат.

Чуството на изделување, изолирање од другите луѓе по извршувањето на злосторството, до крајни граници го измачува. Законот на вистината и на човечката природа е посилен. Злосторникот реши да ги поднесе сите страдања за да го искупи својот престап.

Принуден е сам да се предаде на властите, да умре на робија, со надеж повторно да биде со луѓето.

Теорија на „силни личности“

Луѓето ги дели на две групи:

- обични луѓе што го поминуваат животот во послушност, покорувајќи им се на животните околности;

- „необични“ луѓе коимпреминуваат преку законите и нормите, без оглед на средствата со кои се служт, луѓе на кои им е дозволено се.

Силната личност има право да ја наруши моралната норма и да мине преку човечки жртви за да оствари благородна цел. Во мислите на Раскољников престапот добива ореол на пат кон добродетелството.

Симболика на соништата

Бегството од реалноста и откривање на психичката состојба.

1. Сегменти од детството

Раскољников има седум години и шета со татко му. Пијаните селани го тепаат слабиот и изнемоштен коњ поради немоќта да го повлече големиот товар. Доминираат ударите на камшикот и железните орудија.

Ја симболизира немоќта и товарот на животот кој го притиска Раскољников и временското оддалечување ( во детството кога имало најмалку грижи ). Камшикот е симбол на ударите кои ги нанесува животот, а железното орудие е секирата со која се извршува убиството.

2. Патување во Африка, во некоја оаза.

Просторно оддалечување т.е желбата на Раскољников да се увери дека е далеку од Петроград. Мирната оаза, контраст на големиот немир, ручекот на бедуините - неговата глад, изворот – жедта, свежината на водата – неговата треска, убавината на светлите бои – очај и чувство на одвратност.

И двата сона значат желба за оддалеченост од современиот момент, потсвесна потреба да избега од местото и времето во кое животот е толку замрсен што мора да изврши злосторство.

Соња Мармеладова: изгубена единка на големиот град, гешница, која стаписувајќи се пред вистината ан злосторството, ја зема улогата на морален коректив, спротивставувајќи и се на бунтовноста на Раскољников со смиреноста, покорноста и антиреволт. Живее по законите на љубовта кон луѓето. Војот престап не го прави под идејата да загосподари над луќето, туку по сила на љубовта кон блиските, поднесувајќи го својот живот заради гладните усти во семејството. Подобро насилство над себеси отколку над другите. Во сеопштата љубов на Соња треба да се растопи и исчезне горделивата природа на Раскољников.

Нема коментари: