петок, 30 ноември 2007

МОДЕРНИЗАМ


Модернизмот ( модерната ) е веројатно најголемиот потрес во областа на литературата , на уметноста и на културната комуникација воопшто . На преминот од XIX во XX век , па се до почетокот на Втората светска војна , се јавуваат : симболизам , импресионизам , футуризам , дадаизам , надреализам , итн . Во својата потрага по нов уметнички јазик , што му одговара на сензибилитетот и на ритамот на новото пресвртно и револуционерно време , модернизмот радикално раскинува со дотогашните конвенции во литературата , сликарството , театарот и музиката . Дел од модернистите , својата револуција на културен и на уметнички план ја приопштуваат кон општествената .

Терминот авангарда , од друга страна , се јавува како обединувачки термин за модернистичките интернационални движења од почетокот на XX век ( експресионизам , футуризам , дадаизам и надреализам ) .

Симболизмот , го означува почетокот на модерната , а како правец во литературата и во уметноста се формулира во 1880 – та година . Основниот учинок што симболистите сакаат да го постигнат е да сугерираат , да навестуваат , да го оприсутнат постоењето на невидливото , далечното и отсутното во светот на појавноста . Суштината на симболот се состои токму во неговата моќ да ги довика овие асоцијации на насетувањето .

Основите на симболизмот всушност , се веќе поставени од неговите претходници : Шарл Бодлер , Артур Рембо и пол Верлер . Бодлеровиот принцип на созвучјата , Рембо натаму го развива во прочуениот сонет „Самогласки“ во кој покажува како на секоја самогласка и одговара одредена боја .Верлен во песната „Поетската уметност“ посочува како музиката и зборот се спојуваат во „обоен звук“ .

Симболизмот се шири во и вон Европа ( САД ) , и во секоја нова средина се здобива со особени карактеристики . Во руската литература негоби значајни претставници се Блок и Бели , во Шпанија Унамуно , во Германија Штефан Горг . Во областа на драмата Метерлинк е најзначајниот претставник . Симболизмот има особен одек и во балканските литератури : Коста Паламас ( Грција ) , Владислав Петковиќ – Дис ( Србија ) , Тин Ујевиќ ( Хрватска ) .

Импресионизмот , најпрвин се јавува во сликарството , од каде е пренесен и бо литературата . Се развива паралелно со симболизмот и натурализмот , кон крајот на XIX век . Во неговото инсистирање на густината на боите , звуците и мирисите честопати и не се разликува од симболизмот . Во импресионизмот , меѓутоа , отсуствува духовната и мистична заднина , којашто е основна одлика на симболизмот . Притоа , импресионизмот инсистира на самата сетилност ( искуственост ) , по што му е сроден на натурализмот , но од него го разликува отсуството на наичниот експеримент . Инсистира на детаљот , на неговото сетилно богатство , за чиешто изразување најпогодни се малите форми : лирската песна , кусиот расказ , едночинките .

Футуризмот , како прво движење на авангардната уметност на XX век е јавува во Италија , а негов втемелувач и автор на Футуристичкиот манифест е Филипо Томасо Маринети . Наспрема симболистичките заложби за хармонија на уметничкото дело на футуристичкиот динамизам напати добива милитантна иконографија . Руските футуристи се огласуваат со манифест во 1912 година , провокативно насловен како Шлаканица на општествениот вкус . Го објавуваат крајот на дотогашниот поетски јазик и се залагаат за откривање на неговата заумност ( заумен јазик ) . Под заумност подразбираат јазик на чистиот поетски израз , од онаа страна на секакво рационално поимање . Позначајни претставници во руската литература се : Велимир Хлебников , Виктор Кручоних , Владимир Мајаковски .

Експресионизмот , се јавува во Германија во периодот од 1910 – 1924 година и еднакво е израз на новата урбана култура . Директно му е спротивставен на импресионизмот со тоа што го нагласува и предимензионира изразот и визијата на граничните и катастрофални состојби : страв , ужас , крик , болка , глад , војна , смрт .Иако краткотрајно , експресионистичкото движење се разгорува по Првата светска војна и доживува буен и разнороден развиток на сатирички план , на филозовски и метафизички план , како и на планот на социјално-политичката акција .

Со стапувањето на национал – социјализмот на чело на германската политичка сцена , експресионистичките дела ќе бидат беспоштедно уништувани , а движењето ќе се најде под ударот и на критиката на социјал – реализмот . Претставници на експресионизмот во литературата се : Готфрид Бен , Георг Хајм , Георг Тракл , Оскар Кокошка , а допирни точки со експресионизмот има и творештвото на Франц Кафка .

Дадаизмот , се јавува во Шпанија , воекот на Првата светска војна , во дадаистичките настапи на сцената на циришкото кабаре Волтер . Духовен водач на групата е Тристан Цара . Дадаизмот од Цирих , ќе се прошири низ цела Европа , поттикнувајќи ја и појавата на надреализмот во Франција . Најрадикално и демонстративно ја отфрла разликата помеѓу животот и уметноста , во својот нихилизам во извесна смисла ја презира уметноста , а дадаистичките изведби ја промовираат : гласовната поезија во која отсуствува рационалното знаење , музиката на шумовите , монтажата на фрагментите , отпадоците на секојдневието . Други претставници на циришката група се : Ханс Арп , Хуго Бал и Рихард Хилценбек .

Надреализмот , се јавува во Франција во дваесетите години на столетието , и поттикнат од дадаизмот во почетокот го споделува неговиот нихилизам . Набргу , меѓутоа , во отцепување од него , ќе ја формулира својата автономна програма со првиот Манифест на надреализмот , што ќе го напише Андре Бретон . Водечки личности на движењето се Андре Бретон и Луј Арагон .Клучни поими во надреалистичкиот светоглед се сонот и случајот .

Нема коментари: