Реализмот е уметнички правец кој се појавува во четвртата деценија на 19 век а згаснува во периодот помеѓу 70 – те и 90 –те год на столетието. Колевката на реализмот е Франција а во исто време и Русија.
· Карактеристики
- Прикажување на стварноста онаква каква што е .
- Дескрипција на секојдневниот живот на ,,малите `` луѓе.
- Уметничка слика на животот која одговара на конвенционалната претстава која ја имаат повеќе луѓе – просечниот човек.
- Човекот е сфатен како претставник на одреден тип на класа а не како исклучителен карактер.
- Развиени дескрипции на предмети и ликови кои се претставени преку општествено – психолошката условеност.
- Изградување норми на етичко однесување поради противречностите на општеството, злото и неправдата.
- Вистинско подржување на природата,животот и човекот.
- Реалноста е непредвидлива до самиот крај,а сознавањето на вистината се продлабичува и менува.
· Претсавници
- Во Русија
Ø Толстој, Достоевски, Гогољ, Чехов, Тургењев
- Во Франција
Ø В.Иго, Стендал, Е.Зола, О. Балзак, Г. Флобер
- Во Англија
Ø Ч. Дикенс
Видови реализам:
§ Класичен Реализам
- Ја покажува вистинската слика за капиталистичкото општество,со сите негови внатрешни спротивности и нерешени животни проблеми.
§ Натурализам
- Ја опишува човечката најмрачна страна, нај морбидните појави истакнувајќи го сверското во човекот,неговите инстинкти и валакана душа.
§ Демократски реализам
- Ги открива негативните страни на животот критикувајќи ги и барајќи решенија за проблемите .Животот е претставен онаков каков што е, без идеализација.
§ Социјалистички реализам
- Вистинито,историски конкретно прикажување на стварноста во нејзиниот револуционерен развиток.
§ Психолошки реализам
- Претставување на психата на човекот и неговите постапки.
§ Магичен реализам
- Прави нова сопствена слика за светот.
§ Поетски реализам
- Темните старни на живото ги прикажуваат преобразени и ја избегнуваат грубоста на животот тежнеејќи кон хуморот.
Нема коментари:
Објави коментар