петок, 30 ноември 2007 г.

За почеток...

Блогот е во доизработка и ви се извинуваме за можните грешки.

За било какви забелешки пишете на:


Со почит:

Учениците од СОУ "Ванчо Прќе" , Виница

празен пост

СЛОВЕНСКА ПИСМЕНОСТ

Словените им оддаваат најголемо признание на првите словенски просветители,Светите браќа Кирил и Методиј, кои истовремено биле филозофи и ги создале првите идеи и дела за словенско описменување.

Тие се основоположници на словенската писменост и култура. За животот и дејноста на словенските просватители најмоногу податоци добиваме од делата Панонски легенди, Климентовото житие од Теофилакт, Климентовото житие од Хоматијан, О`писменех од Црноризец Храбар.


МИСИИ: Сараценска (арапската) мисија , Хазарска мисија 860 год., Моравска мисија 863 год, Брегалничка 855 год итн.;

Позначајни ученици на Кирил и Методиј се Климент и Наум Охридски, Горазд, Сава и Ангелариј.

ГЛАГОЛИЦАТА (првата словенска азбука) ја создал Кирил во 862/863 година при што како образец му служело грчкото брзописно писмо.Таа имала две варијанти: валчеста и аглеста.Валчестата глаголица е постара.Се состоела од 38 букви од кои 24 биле првземени од грчкото брзописно писмо, а 14 измислил тој според гласовниот систем на словенскиот јазик.Најстари писмени споменици на словенски јазик напишани со глаголско писмо се: Асеманово евангелие, Зографско евангелие и Синајски псалтир од X век.

*Св.Климент : учесник во моравската мисија, основопожник на првиот словенски универзитет (прв и во Европа) -886 година во кој описменил околу 3500 ученици.

-прв славјански епископ во македонската-Величка епархија

-Тој напишал повеке поучни и пофални слова за потребите на богослужбата во црлвите. Поучните слова се религиозни творби со религиозно-просветна содржина. Тие биле пишувани на јасен и лесен стил на народен јазик за да бидат разбирливи. Тие претставувале прирачна литература на свештениците при вршењето на богослжчбата во црквите. Климент Охридски е првиот писател што во словенската литература ги вовел поучните и пофалните слова. Се претпоставува дека напишал околу четириесет слова, но само на ќетиринаесет од нив го птпишал своето име.Позначајни од неговите дела се: "За празниците или Поука кон луѓето ,Похвала на Кирил Филозоф”, “Похавала на словенските учители Кирил и Методиј, Од опширното житие на Кирил филизоф”, “Од опширното житие на архиепископот моравски Методијј, Похвално слово на безтелесните Михаил и Гаврил”.”Похвално слово за четиринеделниот Лазар”,”Поука за блудниот син итн.

*Св.Наум: учесник во моравската мисија,наследник на учителското место на св.Климент во Охридската школа...

Му се препишуваат следниве дела: Канонот за апостол Андреј,Канонот за пренесување на моштите на Јован Златоуст итн.

КИРИЛИЦА

Кирилицата е азбука што се користи за пишување кај 6 природни словенски јазици (белоруски,бугарски,македонски,руски,српски и украински) како и многу други јазици од поранешниот Советски Сојуз.Била создадена по примерот на грчкото уставно писмо, а во азбучниот систем по примерот на глаголицата.Еден од најстарите писмени споменици напишан на кирилица е Надгробната плоча на Цар Самуил од 993 год пронајдено во селото Герман во Преспа. Се претпоставува дека била создадена од некој од учениците на светите браќа( Климент, Наум или Константин Преславски) и во чест на св.Кирил

го добила името кирилица.

Словенската писменост се создавала истовремено на двете азбуки до XII век.Потоа, кирилицата, која била полесна за пишување, почнала да ја истиснува глаголицата.

ПАНОНСКИ ЛЕГЕНДИ

Панонски легенди се вид црковна литература, што се создавала во периодот на средниот век кај сите христијански народи. Делото содржи две житија за светите солунски брака Кирил и Методиј. Тоа се две биографии со реалистични и религиозни елементи, во кои се расказува за животот и делото на двајцата големи христијански мисионери, твирци на словенската писменост. Светите брака биле пропагатори на христијанството мегу многу божечките племиња во Византиската Империја, како и меѓу Западните и Јужните Словени. Панонските легенди претставуваат најстаро оригинално дело во старословенската литература. Има повеќе претпоставки за тоа кој би можел да го написе ова дело. Постои претпоставка според која двете житија ги написал Климент Охредски, нивниот најдобар ученик. Тема на житијата е опишување на животот на светите брака Кирил и Методиј и во нив по хронолошки ред се изнесуваат податоци за нивниот животен и творечки пат. Панонските легенди како прво оригинално дело во страословенската литертура пред се има културно-историско значење. Тие се неисцрпниот извор за животот и дејноста на творците на словенската писаменост, светите браќа Кирил и Методиј. Во Средниот век се создавала тајанаречена црковна литература, во која спагаат и житијата.

ЖИТИЕТО НА КИРИЛ

Под влијание на житијата од византиската литература, и житието на Кирил во воведнит дел претставува обракање кон Бога да покаже милост кон Кирила и да го наведе да прави добри дела. По водедот се поминува на опишување на неговиот живот од рагањето до смртта. Од ќитието се дознава : каде се родил (Солун) ; како му се викале родителите (Лав и Марија) ; каде се школувал и какво знаење стекнал. Во житието се набројани сите мисии во кои учествувал Кирил : Сараценската (ширење на христијанството), Хазарската 860 (ширење на христијанството)и Моравската мисија (просветителство и ширење на христијанството).

ЖИТИЕТО НА СВЕТИ МЕТОДИЈ

Житието на свети Методија поцнува со укажување поцит и молба кон Бог, кој е милостов, го сака човекот и го наведува да прави добри дела. По воведот се дознава за животот на свети Методиј. Житието за свети Методиј посебно ја нагласуванеговата работа меѓу панонските словени, со кои управувал кнезот Коцељ. Понатаму се даваат податоци за книжевната дејност на свети аметодиј, според кој ој од грчки на словенски ја превел Библијата. Го превел и Номоканонот а претходно заедно со брат му Кирил ги превеле делата:”Псалтир”,”Евангелиеи Апостол. Житието завршува со податокот за смртта на свети Методиј во 885 година. Пред да умре за свој заменик го одредил својот ученик Горазд.

Црноризец Храбар (анонимен писател)

Автор на делото О писменех ( За буквите)-јазично-литературен трактат ( теоретско дело што расправа за некое важно прашање;студија )

-Делото е напишано приближно во 10 век.Темата во овој трактат е појавата и постоењето на словенската писменост, а идејата- нејзината одбрана од нападите на тријазичниците, кои ја негирале и сакале да ја уништат.Бранејќи ја словенската писменост, Храбар ја докажува оправданоста на нејзината појава и постоење.За Словените на О писменех има две значења: првото е културно-историско, а второто- општествено.Делото е прва научно историска творба во словенската литература во која е проследен развитокот на словенската писменост.Општественото значење на делото е во неговата напредна идеја дека секој народ има право на своја писменост и култура, на своја самобитност.

ПРАЗЕН ПОСТ

ХУМАНИЗАМ И РЕНЕСАНСА ( од www.mk.wikipedia.com )

Ренесансата (значи преродба) се смета за историско доба помеѓу Средниот век и Реформацијата.

Според вообичаениот опис, италијанската ренесанса од 15-тиот век, ширејќи се низ западна Европа, претставувала повторно поврзување на западот со класичната антика, преземањето на знаења—особено математика—од арапски, враќањето на експериментализмот, придавањето важност на квалитетот животот во сегашноста (како на пр. Ренесансен хуманизам), експлозијата на знаење како релузтат на изумувањето на печатарството и создавањето на новите техники во уметността, поезијата и архитектурата кои довеле до радикални промени во стилот и содржината на уметностите и книжевноста. Во овој период трговијата и истражувањата исто така земаат замав. Италијанската Ренесанса често се смета за почетокот на „Новиот век“.

Треба да се напомене дека не сите современи критичари се согласуваат во потполност со овој опис на периодот.

Почетоците на Ренесансата

Нема одредено почетен период или место за ренесансата. Започнала во неколку различни места во различно време и нема дефинирани дати или места за тоа кога Средниот Век завршил. Почетното место за ренесансата е речиси универзално припишано на централна Италија, посебно градот Фиренца. Една рана ренесансна личност е поетот Данте Алигиери (12651321), првиот писател кој му дал тело на духот на ренесансата.

Франческо Петрарка (13041374) е друга рана ренесансна личност. Како дел од хуманистичкото движење тој заклучил дека човечките достигнувања од најголема висина се случиле во Римската Империја и годините потоа биле период на општествено гниење кој тој го нарекол Темното Доба. Петрарка гледал на историјата како социјално, уметничко и литературно напредување, а не како серија на наместени религиски настани. Преродбата значела повторно откривање на античкото римско и грчко наследство низ антички ракописи и хуманистички метод на учење. Овие нови идеи од минатото (наречени „новото учење“ во тоа време го започнале напредувањата на полето на уметноста, науката и други области.

Друга можна почетна точка е падот на Константинопол под турска власт во [1453]]. Тоа била пресвртница во војните бидејќи топовите и барутот станале централни елементи. Додатно, Византиско - Грчките учители отишле западно од Рим носејќи обновена енергија и интерес за грчкото и римско наследство и тоа можеби го означило крајот на старите религиски сфаќања во Европа.

Критички осврти

Бидејќи терминот за прв пат се создал во 19ти век, историчарите имаат неколку интерпретации на ренесансата. Денес повеќето историчари ја гледаат ренесансата повеќе како интелектуална и идеолошка промена, отколку како нешто самостојно. На пример: марксистичките историчари ја гледаат ренесансата како лажна револуција бидејќи промените во уметноста, литературата и филозофијата влијаеле на многу мал дел од богатите и моќните, додека животот на поголемиот дел од Европската популација останал непроменет уште од Средниот век. Поради тоа се негира дека ова е период од големо значење.

Историчарите сега укажуваат дека повеќето од негативните социјални фактори популарно поврзани со средновековниот период - сиромаштијата, незнаењето, религиозните и политички прогонувања итн. се влошуваат во овој период на Макијавели, Религиозните Војни, корумпираните Боргиа папи, и интензивираните ловења на вештерки во 16 век. Многу од обичните луќе кои живееле во текот на „Ренесансата“, биле многу позагрижени за развитокот на ерата, отколку да ја гледаат како „златно доба“ замислено од некои автори од 19 век. Можеби најважниот фактор на ренесансата е тоа дека тие што биле вмешани во културалните движења - уметниците, писателите и нивните патрони верувале дека живеат во нова ера, одделена од Средниот век, дури иако остатокот од популацијата изгледа го гледале период како интензификација на социјалните безредија.

Јохан Хуизинга (18721945) го признавал постоењето на ренесансата, но се прашувал дали тоа била позитивна промена. Тврдел дека ренесансата е период на негирање на високиот Среден век, кој уништил се што било важно. Латинскиот јазик, на пример, премногу еволвирале од класичниот период и се уште латинскиот јазик се користел во црквите и од другите како жив јазик. Меѓутоа, опседнатоста на ренесансата со класична чистост го гледале латинското навраќање до неговата класична форма и неговата природна еволуција како сопрено.Роберт С. Лопез гледал на овој период како на период на длабоко економско опаѓање.Во меѓувреме, Џорџ Сартон и Лин Торндајк двајцата го критизирале тоа како ренесансата влијаела врз науката, тврдејќи дека напредокот бил побавен.

Историчарите започнаа да го сметаат зборот „Ренесанса“ како непотребно подуен збор кој имплицира позитивна „преродба“ од наводно попримитивниот Среден Век. Многу историчари сега преферираат да го користат терминот "рано модерен" за овој период, неутрален термин, кој истакнува дека ово период бил период на транзиција кон модерниот свет, но нема никаква позитивна или негативна конотација.

Ренесансни дела

Божествена комедија

Божeствена комедија (на италијански "Comedia" или "Commedia", подоцна "Divina Commedia"). Божествената комедија ја напишал Данте Алигиери помеѓу 1265 и 1321 година. Се смета за најголема епска поема на италијанската литература, како и едно од најголемите дела на светската литература.

Божествена комедија е дело кое се состои од три дела, Inferno (Пекол), Purgatorio (Чистилиште), и Paradiso (Рај), кои пак се состојат од 33 пеења кои заедно со Првата-Воведната песна бројат 100 пеења во истоимената книга.Секоја строфа се состоела од 3 стиха (терцини).

Хуманизам

Хуманизмот во најширока смисла на зборот е пројава на љубов кон човекот, која опфаќа широк спектар на филозофски правци кои го афирмираат достоинството и вредноста на човекот.

Хуманистичката ориентација нужно не е поврзана со религиозноста или нерелигиозноста, односно постои секуларен хуманизам исто како што постои и религиозен хуманизам. Од друга страна, како што нечија религиозност може да го насочи кон нехуманистичка ориентација, така и нечија нерелигиозност не е никаква гаранција дека одреден човек би бил и хуманистички настроен.

празен пост

ХУМАНИЗАМ И РЕНЕСАНСА

Хуманизмот е идеологија на ренесансата, тој е нејзина филозофија, нејзиниот поглед на светот. Хуманизмот најпрвин се појавил во Италија во XIV век, а близу 2 века подоцна во Шпанија, Франција, Англија и други европски земји.

Идеолози на ренесансата биле хуманистите. Тие на своите современициим понудиле нов поглед на светот. Религиозниот поглед на светот го замениле со световен грагански. Според нив, човекот е тој во кого треба да се верува, а не во надприродни суштества, бидејќи се што е изградено на земјата е дело на неговите творечки способности. За човекот не постои друг живот освен овој на земјата и затоа земскиот живот не треба да се презре, како што проповедала црквата туку треба да се почитува и унапредува. Вечен живот не постои и е неприфатлива догмата дека човекот треба да се одкаже од сите благодати на земскиот живот за да живее вечно во измислениот задгробен живот, замислен како пекол, чистилиште и рај. Според хуманистите смислата на постоењето е овде на земјата и човекот е нејзиното најсовршено суштество. Поткрепа за овие сваќања хуманистите наоѓале во античката наука, литаратура, скулптура и архитектура, преку кои откриле други вистини за животот поинакви од средновековните. Некои од хуманистите своите дела ги пишувале на латинскиот (мртов јазик) и нивните дела да бидат достапни за широк круг луѓе. За хуманистите, поимот хуманизам значело афримација и слобода на човековата личност.

Развитокот на литературата во епохата на ренесансата поминува низ три фази (што ги обединува една хуманистичка концепција – да се пишува за човекот). Тие се: рана ренесанса, висока ренесанса и доцна ренесанса. За раната ренесанса карактеристичен е смешниот расказ со антиклерикална и антифеудална насоченост (Џ. Бокачо: “Декамерон“). Расказот (новелата) ги прославува итроста, предприемливоста и активаната личност ослободена од предрасуди. Високата ренесанса ја негувала јуначката поема со рицарско – авантуристичка содржина и со идеализирани личности (Л. Ариосто “Бесниот Роланд“). Јуначката поема доживела расцут во Шпанија и Португалија – водечките земји во областа на географски откритија. Шпанцијте го создале познатиот јуначки еп “Песни за Сид“. Ренесансната претстава за човекот роден за големи дела се наоѓа во основата на тие поеми. Доцната ренесанса од крајот на XVI век се карактеризира со криза на хуманизмот и со борба за спасување на неговите идеи, поради засилената црковна реакција. Во ова време се развива пасторалната поезија во која се воспеваат љубовни чувства и мисли на овчари и овчарки. Нивниот мирен начин на живеење во природата е противставен на бучните градови. Еден повисок полет на хуманистичката мисла на доцната ренесанса претствавуваат делата на Шекспир и Сервантес. Во нивните дела трагичните и комичните ситуации се земени од реалноста.

Италијанската ренесанса дала повеќе писател: Данте Алигиери со поемата “Божествена комедија“ е нејзиниот предвесни; Петрарка со “Канционерот“, Зборник од Љубовни сонети, станал родоначалник на цело движење во лириката, познато под името Петраркизам или Петраркитичка лирика; Џ. Бокачо со зборникот “Декамерон“ дал широка панорама на секојдневниот живот во Италија; Л. Ариосто со “Бесниот Роланд“ ја истакнал индивидуалната храброст, чесноста и доследноста како идеали за човекот. Т. Тасо со “Ослободениот Ерусалим“ ги дал последните одгласи на ренесансните сфаќања што биле удар на моралните стеги на противреформаторскиот дух на католичката реакција.

Во Германија идеите на ренесансата се јавиле во XVI век и се манифестираат во време на реформацијата. Литаретурата создавана во времето на реформацијата имала антисхола-стичката и антиклерикалната содржина. Била пишувана најчесто на сатиричен начин. Најпо-знат хуманист на реформацијата бил Еразмо Ротердамски. Во неговото сатирчно дело “По-фалба на лудоста“ се исмеваат недостатоците и лудостите на луѓето од различните класи, сталежи и професии, богаташи, трговци, свештеници и лажни научници. Бидејќи сатирата на Ротердасмски ги зафаќа обичаите, наравите на повеќе општествени средини, таа претставува слика на животот од времеот на XVI век.

Данте Алигиери

Првата негова збирка песни “Нов живот“. Во песните Данте ја искажал својата љубов сперма Беатриче, своите соништа, мечти и својата тага поради смртта на Беатриче. Второто дело “Пир“ (“Гозба“) е литаратурно – филозофски трактат. Делото “Пир“ е напишано на народен јазик во време кога сите научни дела се пишувале на латински јазик. “Божествената комедија“ е најголемото и најзначајното дело на Данте Алигиери. Првобитно делто е наречено “Комедија“. Во неа се синтетизирани сите три литературни роди: лирика, епиката и драмата. Затоа се вбројува во поемите и тоа во епските поеми кои се по обем големи. “Божестевната комедија“ е составена од 100 песни поделени на три дела: “Пекол“, “Чистилиште“ и “Рај“. Во секој дел има по 33 песни а 100-тата песна е прва и претставува вовед во “Божествената комедија“. Поемата има две значења, буквално и алегорично. Во буквалното значење дадена е слика – визија на задгробниот живот. Алегоричното значење – едно читаш друго мислиш.

Франческо Петрарка

Франческо Петрарка е еден од првите претставници на раната ренесанса во Италија и Западна Европа. Петрарка е првиот индивидуалист во европската лирика зашто прв почнал да пишува за себе и за своите лични чувства. Своите дела, главно, ги пишувал на латински јазик. Тие можат да се поделат на две групи: поетски и морално – филозофски. Првите, главно, се пишувани на народен италијански јазик, а вторите – на латински. Првото поетско дело на латински јазик му е епопејата “Африка“. Исто така на латински јазик го напишал и делото “Посланица“ кое содржи писма во стихови. Од таков вид е и делто “Писма без адреса“. Песните што ги напишал на народен начин имале, главно, љубовно содржие како што е делото “Канцоние“ кој е поделен на два дела.

Џовани Бокачо

Џовани Бокачо (1313 - 21 декември 1375), италијански писател и хуманист, третиот претставник на италијанската предренесанса, со своето најважно дело за светската литература, со Декамерон, во целост се одделува од метафизичноста на средновековниот начин на мисле-ње. Во биографијата на Бокачо важно место завзема неговиот престој во Неапол, кога тој се формирал интелектуално и естетски. Неапол, во времето кога тој се образувал (во трговската професија и канонското право), бил раскошен, сосема ренесансен град со весела атмосфера и со дух кој ги славел уживањата. Животот и творештвото на Бокачо го одбележала незаконската ќерка на кралот Роберт, Марија, која во творештвото на писателот се трансформирала во дона Фијамета. Таа е опеана во стихови и во проза како жена која со својот темперамент била извор и на среќата и на несреќата на подоцна напуштениот Бокачо.

Важен податок за животната и творечката биографија на Бокачо е другарувањето со Франческо Петрарка во Фиренца, Падова, Милано и во Венеција. Тие тогаш ги делеле своите интелекту-ални искуства и интересите кон класичните автори и кон творештвото, воопшто. Од тие нивни контакти останала и мошне важна преписка.

празен пост

Џовани Бокачо и Вилијам Шекспир

Џовани Бокачо

Италијански писател и хуманист, третиот претставник на италијанската предренесанса, со своето најважно дело за светската литература, со Декамерон, во целост се одделува од метафизичноста на средновековниот начин на мислење. Во биографијата на Бокачо важно место завзема неговиот престој во Неапол, кога тој се формирал интелектуално и естетски. Неапол, во времето кога тој се образувал (во трговската професија и канонското право), бил раскошен, сосема ренесансен град со весела атмосфера и со дух кој ги славел уживањата. Животот и творештвото на Бокачо го одбележала незаконската ќерка на кралот Роберт, Марија, која во творештвото на писателот се трансформирала во дона Фијамета. Таа е опеана во стихови и во проза како жена која со својот темперамент била извор и на среќата и на несреќата на подоцна напуштениот Бокачо.
Важен податок за животната и творечката биографија на Бокачо е другарувањето со Франческо Петрарка во Фиренца, Падова, Милано и во Венеција. Тие тогаш ги делеле своите интелектуални искуства и интересите кон класичните автори и кон творештвото, воопшто. Од тие нивни контакти останала и мошне важна преписка.


.
Творештвото на Бокачо

Творештвото на Бокачо ја покажува предноста на неговиот раскажувачки талент, иако и тој го почнал творештвото со поезија. Песните во "Рими" кои ги пишувал во различни периоди од животот покажуваат дека тој ја нема дарбата на Данте и на Петрарка за префинета поетска медитација за љубовта. Романот во проза Филокло има љубовно-авантуристичка содржина. И покрај својата почетничка несигурност, тој сведочи за талентот на идниот голем раскажувач.
Античкиот мотив за љубовта на Троил и Крисеида (преземен од средновековниот Роман за Троја), Бокачо го обработил во спевот Филострато.
Во овој првичен период на своето творештво Бокачо ги напишал:
• Тезеида (еп), со кој според Енеида на Вергилиј се обидел да создаде јуначки еп на народен јазик
• Ловот на Дијана, покус еп.
Во позрелите дела на Бокачо треба да се спомене и т.н. прв италијански психолошки роман Елегијата на госпоѓа Фијамета според неа на жените вљубени раскажана, кој е интересен по раскажувањето во прво лице. Раскажувачот е жена, па тој факт го прави ова дело уште поинтересно.
Меѓу помалите дела на италијански јазик се Буколички песни, како и биографиите на познатите жени (од Ева до Ивана Неаполска), потоа важното учено дело на Бокачо За родословите на паганските богови, а треба да се истакне и активноста на Бокачо во врска со проучувањето на делото на Данте. Расправите во слава на Данте го содржат култот на Бокачо кон големиот поет на Комедијата, па со право се смета дека токму Бокачо ја нарекол божествена.

Вилијам Шекспир

Вилијам Шекспир (англиски: William Shakespeare) (Сратфорд на Ејвон, 26 април 1564 - Сратфорд на Ејвон, 23 април 1616 (Јулијански календар) или 3 мај, 1616 (Грегоријански календар)) важи за најголемиот писател на англиски јазик, но и воопшто, за еден од најдобрите писатели на било кој јазик. Неговата способност да ги долови најкомплицираните аспекти на човечката природа се смета од многумина за недостижна, и англиската ренесанса често се нарекува „времето на Шекспир“. Тој е еден од ретките драматурзи што брилиирале и во трагедија и во комедија, а неколку од неговите драми содржат песни што се сметаат за најфините лирски поеми напишани на англиски. Тој исто така има напишано и 154 сонети, две наративни поеми, како и повеќе песни. Шекспир ги напишал своите дела меѓу 1588 и 1616, иако точните датуми и хрононологијата на драмите нему припишани се несигурни. Делото на Шекспир е особено импресивно со оглед на тоа што тој живеел само 52 години.
Импресивно е да се спомене дека делата на Шекспир и ден-денес претставуваа неисцрпна ризнаица на инспирација за многу млади и надежни писатели.
Шекспировите дела се напишани на раносовремен англиски јазик, тогашниот англиски јазик.

КЛАСИЦИЗАМ

Класицизмот како литературен правец се појавува во 17 век во Франција. Во тој период на власт во Франција бил Луј XIV кој за себе велел :"Државата, тоа сум јас". Името класицизам потекнува од латинскиот збор klassicus, што значи-за пример, совршен.

Основни карактеристики на класицизмот се:

  • КУЛТ КОН АНТИЧКАТА ЛИТЕРАТУРА – класицистите ја признавале и се огледувале во литературата на Аристотел и Хорациј.
  • СТИХУВАНА ФОРМА – делата од овој период најчесто биле пишувани во стихувана форма.
  • КУЛТ КОН УБАВОТО И СОВРШЕНОТО – убавина и хармонија барале во се, во природата,во животот,и верувале дека убавото е патот до совршенството кај човекот.
  • ЕЛЕМЕНТИ НА РАЦИОНАЛИЗМОТ – се настојува да се создават дела во кои писателот ќе се раководи од разумот.

Најпознат теоретичар на класицизмот во Франција бил Никола Боало. Во своето дело "Поетика на уметноста" ги дава правилата според кои треба да се создаде едно уметничко дело.Тие се:едноставност на содржината на делото,објективно сликање на стварноста, а на писателите им препорачува:"Учете се да мислите, а потоа пишувајте". За драмите Боало ги обновил трите антички принципи:единство на дејствие,место и време на драмата. Литературните жанрови ги поделил на високи и ниски. Во високи спаѓаат:епопејата,одата и трагедијата. Во ниски спаѓаат:сатирата,басната и трагедијата.

Најпознати претставници на францускиот класицизам се: Пјер Корнеј, Расин, Жан Де Лафонтен и Молиер(Жан Батист Поклен).

КРАТКА СОДЖИНА НА ДРАМАТА "СИД" ОД ПЈЕР КОРНЕЈ

"Сид" како драмско дело на почетокот го сметале за трагикомедија, но подоцна оцениле дека е трагедија. Трагедијата "Сид" е составена од пет чина и секој чин соодветствува на петте елементи на композицијата на драмата како что барала класичната поетика.Корнеј отстапил од барањата трагедијата да се темели врз принципот на трите единства(дејствие, време, место). Наместо 24 часа Корнеј времето го продолжил на 30 часа. Некогашното "единство на дворец" го заменил со "единство на град".Дејствието се случува во Шпанија.

Темата во оваа трагедија се состои во судирот меѓу честа и љубовта. Главни ликови се Дон Родриго(Сид) и Химена кои се заљубени еден во друг. Судирот започнува кога меѓу татковците на Химена и Родриго избувнува караница во која таткото на Химена му удира шлаканица на таткото на Родриго. Дон Родриго за да ја одбрани својата и честа на татка си го предизвикува на двобој таткото на Химена и го убива. Кралот бил против овој двобој но не бил послушан.Химена е револтирана и чувствува обврска да ја одбрани честа на својата фамилија вели дека по честа мора да биде еднаква со Родриго. Истовремено чувствува голема болка бидејќи тој е човекот во кој е вљубена. Во тој период Шпанија била нападната од Маврите и Родриго требало да се бори против нив. Во борбата се покажал како многу храбар и силен, дури и Маврите биле воодушевени од него и го нарекле СИД што значи господар.Поради неговата слава кралот му ја простил непослушноста, а Химена била разубедена во својата намера. И рекле дека ако Родриго биде убиен со тоа Шпанија ќе ја загуби ќеста и ќе падне во рацете на Маврите.Химена попушта и се согласува да се омажи за храбриот рицар Родриго.Со оваа драма се навестува новиот граѓански морал кој е многу похуманод од стариот феудален морал.

КРАТКА СОДРЖИНА НА ДРАМАТА "ТАРТИФ" ОД МОЛИЕР

Според видот драмата е комедија во која постојат елементи на фарса, комедија на карактери и комедија на нарави.Комедијата "Тартиф" е сатира насочена против религијата и лицемерството на христијанскиот морал,што ги застапуваат луѓето и од нив прават марионетки. Ликови во комедијата се Тартиф-лицемерен богомолец,Оргон-богат граѓанин, Елмира-негова жена, Маријана-негова ќерка, Дамис-негов син, Клеант-брат на Елмира, Валер-свршеник на Маријана, слугинката Дорин и г-ѓа Пернел-мајка на Оргон. Тартиф е превеан измамник во попска мантија со сложена тактика при измамување на луѓето, и со помош на лицемерството ги искористувал луѓето за остварување на свои цели.Оргон го доведува Тартиф во својата куќа и почнува слепо да му верува.Неговата лажна побожност ја откриваат Демис и Клеант,но Оргон не им верува.За да ја докаже својата приврзаност кон Тартиф,Оргон му ја ветува ќерка си за жена и му ја препишува куќата, и на еден начин станува негова марионета.Во меѓувреме Тартиф и изјавува љубов на Елмира,со чија помош Оргон го открива вистинското лице на Тартиф.Кралот кој бил справедлив и знаел кој е добар а кој измамник го лишил од слобода Тартиф а на Оргон му ја вратил куќата.

Во ликот на Тартиф Молиер го олицетворил лицемерството на христијанската црква.Свештениците кои проповедале: љубов кон ближниот,милосрдие, некористољубивост, всушност биле лицемери со ниски користољубиви побуди.

БАСНИТЕ НА ЛАФОНТЕН

Лафонтен преку басните сакал да разголи некои свирепи вистини за животот во француското општество.Често ја исмејувал глупоста на благородниците.Кај граѓанскиот сталеж не му се допаѓала нерешителноста,скржавоста,грубоста и др.Во своите басни ги исмевал и другите слоеви на француското општество-попови,чиновници,лекари,професори и др.Не пропуштил да исмее некои слабости на францускиот монарх-горделивоста,самобендисаноста,уживањето да го фалат и неговиот презир кон обичните луѓе.Во многу басни тој ги исмеал лицемерството,немилосрдноста и тиранијата на кралот Луј XIV.Басните на Лафонтен поради иронијата и сатирата во нив,повеке се сериозни отколку смешни.Во басните ги прикажува животните и им препишува човечки особини.

Тој басните ги пишувал во стихови,најчесто во слободен стих.Неговите басни пред се им се наменети на возрасните читатели,а помалку на децата.

празен пост

РЕАЛИЗАМ


Реализмот е уметнички правец кој се појавува во четвртата деценија на 19 век а згаснува во периодот помеѓу 70 – те и 90 –те год на столетието. Колевката на реализмот е Франција а во исто време и Русија.

· Карактеристики

- Прикажување на стварноста онаква каква што е .

- Дескрипција на секојдневниот живот на ,,малите `` луѓе.

- Уметничка слика на животот која одговара на конвенционалната претстава која ја имаат повеќе луѓе – просечниот човек.

- Човекот е сфатен како претставник на одреден тип на класа а не како исклучителен карактер.

- Развиени дескрипции на предмети и ликови кои се претставени преку општествено – психолошката условеност.

- Изградување норми на етичко однесување поради противречностите на општеството, злото и неправдата.

- Вистинско подржување на природата,животот и човекот.

- Реалноста е непредвидлива до самиот крај,а сознавањето на вистината се продлабичува и менува.

· Претсавници

- Во Русија

Ø Толстој, Достоевски, Гогољ, Чехов, Тургењев

- Во Франција

Ø В.Иго, Стендал, Е.Зола, О. Балзак, Г. Флобер

- Во Англија

Ø Ч. Дикенс

Видови реализам:

§ Класичен Реализам

- Ја покажува вистинската слика за капиталистичкото општество,со сите негови внатрешни спротивности и нерешени животни проблеми.

§ Натурализам

- Ја опишува човечката најмрачна страна, нај морбидните појави истакнувајќи го сверското во човекот,неговите инстинкти и валакана душа.

§ Демократски реализам

- Ги открива негативните страни на животот критикувајќи ги и барајќи решенија за проблемите .Животот е претставен онаков каков што е, без идеализација.

§ Социјалистички реализам

- Вистинито,историски конкретно прикажување на стварноста во нејзиниот револуционерен развиток.

§ Психолошки реализам

- Претставување на психата на човекот и неговите постапки.

§ Магичен реализам

- Прави нова сопствена слика за светот.

§ Поетски реализам

- Темните старни на живото ги прикажуваат преобразени и ја избегнуваат грубоста на животот тежнеејќи кон хуморот.

Претставници на реализмот

Lav Nikolaevi~ Tolstoj

Lav N. Tolstoj e voden od @an @ak Ruso ~ii dela imaat golemo vlijanie vo negovoto literaturno oformuvanje. Vlasta vo Rusija postojano ja nabquduva rabotata na Tolstoj no i pokraj nesoglasuvaweto so nego, taa vnimavala na svoite postapki poradi svetskata slava na ovoj avtor.Protiv Tolstoj bila i crkvata, bil nare~en eretik i ostapnik od verata. Odbivajki go ponidenoto pokajuvawe pred crkvata, Tolstoj ostavil amanet da bide zakopan tokmu vo ona kat~e kade so postariot brat Nikolaj, kako deca go barale zelenoto pat~e na sre}ata. Negoviot grop, spored negovata `elba i deneska se nao|a tamu kako obi~na {umak bez spomenik.

Onore de Balzak

Onore de Balzak e romanopisec, raska`uva~ i dramati~ar ~ie tvore{tvo e matnik na dvata zna~ajni periodi od francuskata literatura: romantizmot i realizmot. Negoviot `ivoten proekt, ^ove~kata komedija, kako literaturna studija na op{testvenosta vo francuskiot XIX vek, pretstavuva kapitalno ostvaruvawe, {to }e gi postavi nasokite i na ponatamo{niot razvoj na francuskiot roma.

Ciklusot ^ove~kata komedija e zamislen kako tridelna studija od stotina romani: 1. Studii na karakteri od op{testveniot `ivot, 2. Analiti~ki studii i 3. Filozofski studii. Me|u najzna~ajnite i najpoznatite dela se vbrojuvaat romanite: [uani (1829), Evgenija Grande (1833), ^i~ko Gorio (1834), Izgubeni Iluzii (1943), [agrinska Ko`a, Selani i dr.

Romanite na Balzak op{testvenata promena ja markiraat tokmu vo novovospostavenata mo`nost poedinecot samiot da se izbori za sopstvenata sudbina i za mestoto vo op{testvoto. Presvrtni~koto vreme po revolucijata pred poedinecot pretstavuva novi predizvici, vo koi do izraz treba da dojde negovata ume{nost na pazarot na profitot i zarabotuva~kata. Se se kupuva: tituli, vnimanie, qubov, vlez vo visokite krugovi, slava, bilet za vo teatar i opera (koi se javuvaat kako prostorii na demokratizacijata na visokata kultura vo javniot prostor).

Kolku za ilustracija: sporedi go javniot blagorodni~ki identitet na Delfina i Anastazija, nasprema tajnata na nivniot privaten identitet vo relacija so ^i~ko Gorio, ~iaj privatnost ednakvo e tajna za `itelite na pansionot i prdmet na nivni postojani naga|awa! Vo vakviot op{testven kontekst Balzak ostava paleta na nebroeni likovi, kako produkt na novoto vreme na dvoen moral, op{testveni maski, moralen pad vo potragata po najrazli~ni mo`nosti za zbogatuvawe i poka~uvawe po op{testvenoto skalilo so koe se meri ~ovekovata mo`nost. ^i~ko Gorio, anti junak na romanot, e nositel na edna od trite prikazni, ~ij splet ja ~ini romaneskata struktura. Poveden od op{to prifateniot kriterium deka parite se oan vol{ebnoto stap~e vo koe e sodr`ana polnotijata na `iveeweto, toj u{te vo nivnoto detstvo im kupuva skapi podaroci so toa iska`uvaj|i ja svojata qubov, no taa relacija e |avolski krug. Postoja na usluga vo ispolnuvaweto na nivnite `elbi toj, inaku uspe{en proizvoditel na testenini, kone~no osiroma{uva. Nemajki ve}e {to da im ponudi, stanuva napolno neinteresen za negovite ubavi i bogati }erki, koi se proizvod na negoviot roditelski odnos kon niv. Roditelot i negovite }erki se slika na moralniot pad i obezvrednuvawe na semejnata vrska. Romaneskoto raska`uvawe zavr{uva so pogrebot na ^i~ko Gorio, na koj{to nema da se pojavi nitu edna od negovite }erki.

Votren, isto taka `itel na pansionot e voedno glasnogovornik i tolkuva~ na op{testveniot mehanizam {to inaku go prika`uvaat i storiite na ^i~ko Gorio i Rastiwak. Votren go oglasuva svoeto poimawe na vremeto i na op{testvoto vo koe `iveat, tolkuvaj}i mu gi svoite soznanija na mladiot student po pravo. Vo taa smisla e poso~en i kako duhoven tatko na Rastiwak, koj mu gi otkriva Tajnite na patot do uspehot. Vo odnos na ostanatite likovi, toj e ~esen prestapnik koj barem sebesi ne se la`e vo pogled na svoeto mesto i uloga vo svetot.

Nikolaj Gogoq

Imeto i deloto na golemiot ruski pisatel od ukrainsko poteklo, Nikolaj Vasiqevi~ Gogoq, e onaa silna i cvrsta alka vo literaturaturniot kontinuitet {to gi povrzuva etapite na Pu{kin i Tolstoj vo edna.

Gogoq e raska`uva~, romansier, dramaturg (komediograh), eseist, publicist. Vo kni`evnosta vleguva so raskazite Ve~eri vo ~iflikot pokraj Dikanka ispolneti so folklor i fantazija, pi{uvani pod vlijanie na narodnata kni`evnost i germanskata fantastika. Potoa postepo pominuva kon realisti~koto prika`uvawe, pa vo zbirkata Mirgorod vo koja mu e vklu~ena i romanti~nata istoriska proza Taras Buqba (prikazna za Kozacite) se nao|aat realisti~ni elementi. Tie se sre}avaat so opisite na maloto ukrainsko plemstvo. Vo raskazite od petrogradskiot `ivot se sre}avaat ve}e vistinski realisti~ni tvorbi, kako Nos i [inel koi so romantizmot se dopiraat samo preku elementite na fantastikata i groteskata. Kako realist naj~isto i najpotpolno progovoruva niz romanot Mrtvi Du{i, vo koj ni dava portreti od provinciskoto plemstvo i realisti~ka slika na toga{na Rusija, koristej}i se so ostra satira. Od komediite najpoznata mu e Revizor, so koj dramski tekst ja `igosuva ruskata birokratija i malogra|anskiot mentalitet. Na sedmi fevruari se ispoveda pred sve{tenik i se pri~estvuva. No}ta me|u 11 i 12 fevruari go gori rakopisot na II tom od romanot Mrtvi Du{i. Na 21 fevruari utroto Gogoq umira.

ФЈОДОР МИХАЈЛОВИЧ ДОСТОЕВСКИ

Повеќе од еден век Достоевски е предмет на светските истражувања. Во многуте приоди, толкувања и судови се забележува една заедничка црта – сознание за гениј. Неговите дела се неисцрпен и магичен извор за најразновидни литературно-теоретски, психолошки и филозофски студии и толкувања. Сестрано толкуван, анализиран и оценуван.

Биографија

Фјодор Достоевски се родил 1821 година во Москава каде што го поминал поголемиот дел од детството. На 16-годишна возраст тој преоѓа во Петроград каде се запишал на Воено-инженерската академија. За време на ѓколувањето и на службата не можел да се најде себеси, па набрзо ја напуштил и решил да се посвети на литературата. На 25-годишна возрас го создал својот прв роман.

Поради учеството во револуционерниот кружок на Патрашевски, тој и другите учесници на кружокот се осудени на смрт. Изведени на губилиште, ја чуле одлуката за смртна казна, но во моментот кога војниците веќе ги полнеле пушките, пристигнала вест за помилување, па смртната казна на Достоевски е заменета со робија.

Несреќите во семејството влијаеле врз животот на писателот: смртта на саканиот брат, на жената и двете деца, на добриот пријател – сето тоа требало да се преживее, а тоа го нарушувало душевниот живот и физичкото здравје. Посебно го мачеле ужасните напади на епилепсија како и материјалната грижа за сопственото и братовото семејство. И покрај богатата литературна дејност, тој многу долго бил задолжен. Покрај слабото здравје и постојаните немири и грижи, умрел 1881 година.

Книжевна продукција

Романи:

Бедни луѓе

Записи од мртвиот дом

Записи од подземјето

Злосторство и казна

Идиот

Браќа Карамазови

Тематски специфики:

- човековото страдање;

- трагањето по изворите на страдањата и злото по најтемните понори на нагонското;

- сликањето на човековите поттикнувања, стремежи и криза на неговата психа;

- коегзистенција на доброто и злото, нагонски императиви на човекот како трагично двострано суштество;

- темните страни и патолошки видови на човековото суштество.

Интерпретација на „Злосторство и казна“

Жанровски романот го определуваме како:

- реалистичен,

- психолошки,

- хроника ( пожари, скандали, летот на Бергов со балон, џуџињата на Бартол и Масимо ),

- социјален ( со изразити карактеристики на криминалистички роман ),

- идеен ( етичко-филозофска мотивација која дава карактеристики на филозофски роман ).

Хроно-тропос: Времето во романот е кондензирано во девет и пол дена до злосторството и девет години по злосторството ( казна ). Неколку улици, три-четири соби, две крчми, еден плоштад во Петроград, мостот на Нева и Василевскиот остров.

Наратор, нарација: приказната ја реализира сезнаечки наратор. Нарацијата се одвива во три паралелни сижетни линии:

- Раскољников – убиство – робија;

- Соња – проституција – милосрдие;

- Свидригајлов – убиство – самоубиство.

Од нивните односи произлегува контапункт на композицијата: повеќезначноста на еден мотив – сиромаштија, престап и казна. Индивидуланите сижетни параболи се контрастно опишани:

Мармаладов – сиромав кој ја прима жртвата на ќерка му.

Раскољников – сиромав кој ја одбива жртвата на сестра му.

Раскољников ја убива лихварката – убиство од идеи.

Соња се ‘‘убива себе си’’ – убиство од милосрдие.

Свидригајлов – убива заради себе.

Експозиција: Млад човек, исклучен од универзитетот, малограѓанин по потекло, живее во крајна сиромаштија, откако поради лекоминост и лабавост во сфаќањата, ќе им се оддаде на некои чудни „незавршени идеи“ што висат во воздухот, одлучува наеднаш да се извлече од својата тешка состојба.

Заплет: Откако ќе го однесе прстенот како залог кај старата лихварка, ќе го потслушне разговорот меѓу офицерот и студентот во кафеаната и ќе го добие писмото од мајка му ( во кое таа го известува за својата тешка имотна состојба ), решава да убие една старица што дава пари под лихва.

„Теоријата“ на Раскољников се јавува само во мислите, без никакви практични планови, без конкретна замисла за реализација.

Во однесувањето на Раскољников може да се издеферницираат три фази:

1. подготовка на злосторството,

2. извршување на злосторството,

3. состојба на злосторството.

Епилог: По убиството, кај Раскољников се забележуваат две тенденции:

- максималното залагање да не го открие злосторството,

- несвесното откривање.

Раскољников не се грижи само за мислата да не биде откриен, туку се бори со своите чувства на оттуѓеноста, сомнежите, кошмарните сонови. Со етичкото страдање си отвара пат за враќање во човековата заедница. Обидувајќи се да се постави надвор и над законите на опшеството, се отуѓува од самиот себе. Тоа е најтешката последица на казната која ја добива злосторникот. Се може да се поднесе, но не и можноста да живее со злосторство зад себе. Се предава на судските власти.

Судницата во која се наоѓа станува психијатриска ординација, а тој пациент. Иследникот му дава можност да се оправда, а Раскољников си нанесува зло бидејќи во прашањата чувствува стапица. Интуицијата го прави своето и одговорот е одбрана.

Атрибути на ликовите

Раскољников – индивидуален човеков протест.

Бунт на индивидуалист, отруен со „филозофијата на злосторството“, на човек притиснат од неволностите во животот. Свеста за „правото“ на индивидуален бунт прераснува во злосторство во сознание на гревот, во грижата на совеста и потребата за признание и покајание.

Студентот мисли дека „исполнувајќи го својот долг кон човештвото“ ќе го ублажи престапот. Возвишената вистина и човечките закони делуваат.

Чуството на изделување, изолирање од другите луѓе по извршувањето на злосторството, до крајни граници го измачува. Законот на вистината и на човечката природа е посилен. Злосторникот реши да ги поднесе сите страдања за да го искупи својот престап.

Принуден е сам да се предаде на властите, да умре на робија, со надеж повторно да биде со луѓето.

Теорија на „силни личности“

Луѓето ги дели на две групи:

- обични луѓе што го поминуваат животот во послушност, покорувајќи им се на животните околности;

- „необични“ луѓе коимпреминуваат преку законите и нормите, без оглед на средствата со кои се служт, луѓе на кои им е дозволено се.

Силната личност има право да ја наруши моралната норма и да мине преку човечки жртви за да оствари благородна цел. Во мислите на Раскољников престапот добива ореол на пат кон добродетелството.

Симболика на соништата

Бегството од реалноста и откривање на психичката состојба.

1. Сегменти од детството

Раскољников има седум години и шета со татко му. Пијаните селани го тепаат слабиот и изнемоштен коњ поради немоќта да го повлече големиот товар. Доминираат ударите на камшикот и железните орудија.

Ја симболизира немоќта и товарот на животот кој го притиска Раскољников и временското оддалечување ( во детството кога имало најмалку грижи ). Камшикот е симбол на ударите кои ги нанесува животот, а железното орудие е секирата со која се извршува убиството.

2. Патување во Африка, во некоја оаза.

Просторно оддалечување т.е желбата на Раскољников да се увери дека е далеку од Петроград. Мирната оаза, контраст на големиот немир, ручекот на бедуините - неговата глад, изворот – жедта, свежината на водата – неговата треска, убавината на светлите бои – очај и чувство на одвратност.

И двата сона значат желба за оддалеченост од современиот момент, потсвесна потреба да избега од местото и времето во кое животот е толку замрсен што мора да изврши злосторство.

Соња Мармеладова: изгубена единка на големиот град, гешница, која стаписувајќи се пред вистината ан злосторството, ја зема улогата на морален коректив, спротивставувајќи и се на бунтовноста на Раскољников со смиреноста, покорноста и антиреволт. Живее по законите на љубовта кон луѓето. Војот престап не го прави под идејата да загосподари над луќето, туку по сила на љубовта кон блиските, поднесувајќи го својот живот заради гладните усти во семејството. Подобро насилство над себеси отколку над другите. Во сеопштата љубов на Соња треба да се растопи и исчезне горделивата природа на Раскољников.